Македонија
Македонците најмногу планираат да штедат на телефони
Македонците, во услови на финансиската криза што го тресе светот, најмногу планираат да штедат на телефонските сметки
Македонците, во услови на финансиската криза што го тресе светот, најмногу планираат да штедат на телефонските сметки.
Ова го покажуваат резултатите од анктетата спроведена од ГфК Скопје, претставништво на ГфК Групацијата, една од водечките меѓународни компании за истражување на пазарот.
Граѓаните од југо-западниот дел со најголем процент 34% се изјасниле дека повеќе ќе внимаваат на телефонските сметки. Во Скопје исто така е голем процентот што се однесува на намалување на трошоците за телефон (23%), а најизразен е кај домаќинствата со месечни примања од 6.000 -9.000 денари (35%).
Голем број од граѓаните планираат да штедат на облека и обувки (24%), и тоа најмногу во југоисточниот дел на Македонија, 32 отсто.
Македонците планираат рестрикции и во однос на одмор надвор од местото на живеење 22%, излегувања/забава 21% и посета на кафулиња 16%. Во Скопје е најголем процентот на оние кои ќе ги намалат трошоците за излегување и забава 27%, а 26% од нив се на возраст од 19-24 години.
Рационализација на трошоците за бензин/користење на автомобил планираат 15% од граѓаните, а исто толку се планира да се штеди и на купување опрема за домаќинство (бела техника, мебел.) 15%.
Само 13% од испитаниците се изјасниле дека ќе намалат на штедење и инвестирање, најмногу граѓаните на возраст од 45-54 години, како и оние што имаат месечни примања од 30.000-45.000 денари.
Мал е процентот на граѓаните кои ќе штедат на потребите од секојдневна исхрана 6%, што укажува на фактот дека и покрај кризата Македонија е домаќинска земја и нема намера да штеди на храна, оценува ГФК Скопје.
Сепак има и такви кои планираат да штедат и на храна, а тоа се граѓаните кои имаат месечни примања до 3.000 денари, и оние кои се на возраст од 55-64 години.
Само 5% планираат да влијаат на намалување на трошоците со картици, и тоа најмногу граѓаните кои се на возраст од 35-44 години (10%), и оние со завршено вишо и високо образование (8%).
Она на што граѓаните најмалку планираат да штедат се медицински услуги и лекови или само 3 отсто од анкетираните.
Прикажаните податоци се резултат на истражување на ГфК Скопје на репрезентативен примерок на 1.000 граѓани постари од 15 год, а анкетата е спроведена по домаќинства во февруари, оваа година./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

