Македонија
Македонски ученик освои прва награда на научен конкурс во САД
Македонски ученик од основно училиште во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина со изум со кој се штеди електрична енергија
Македонски ученик од основно училиште во Вашингтон победи на натпревар од областа на животната средина со изум со кој се штеди електрична енергија.
Како што јави „Гласот на Америка“, шестоооделенецот Велјан Митровски од училиштето „Ојстер Адамс“ во Вашингтон ја освои првата награда за изумот со кој се штеди електрична енергија преку поставување на соларни плочи на семафорите во главниот град на САД.
Велјан бил инспириран од главната тема на проектот – како да се заштеди енергија, особено во ова време на голема економска криза.
„Во овој проект споредував два генератори – соларен панел и рачен генератор. Најпрвин, направив споредба на соларниот генератор.Ставив крпа на него и чекав светилките да згаснат. Потоа, чекав неколку минути повторно да се запалат, па ја ставив крпата и чекав повторно да згаснат. За рачниот генератор поставив пет светилки и сите се вкупно 600 волти. Пресметав колку пати треба рачката да се заврти за да се запалат сите сијалички“, раскажува Велјан.
За сите семафори во Вашингтон, 12-годишниот Митровски пресметал дека ако се инсталираат неговите соларни плочи, би се заштедиле точно 251 милијарда 942 милиони киловат часови за една година.
Кога ќе ја собере сончевата енергија, генераторот ја префрла во батеријата во соларниот панел и со поврзување на две жици – светилките се палат, рече Велјан
Претходно тој бил добитник и на награда на Саемот за математика, наука и технологија што на ниво на основни училишта секоја година се одржува во Вашингтон.
Неговите родители се на привремен престој во Вашингтон, така што тој планира да го презентира проектот и на соучениците во основното училиште „Димо Хаџи Димов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

