Македонија
МОСТ: Излезноста до 13 часот над 27%, регистрирани и помали инциденти

Одзивот на гласачите за претседателските избори до 13 часот е 27,82 проценти, а помали нерегуларности се забележани на избирачки места во Прилеп,
Одзивот на гласачите за претседателските избори до 13 часот е 27,82 проценти, а помали нерегуларности се забележани на избирачки места во Прилеп, Струга, Куманово, Липково и делови од Скопје.
Ова на попладневната прес конференција го соопштија претставници на Граѓанската асоцијација, МОСТ, од каде информираат и дека на изборите за градоначалник и советници на град Скопје, излезноста до 13 часот е 25,93 проценти.
Набљудувачите на МОСТ забележале нарушување на изборниот процес на гласачко место во Прилеп, каде на гласачите јавно им се чита името и презимето од страна на членовите на избирачкиот одбор и истите се заведуваат од страна на овластените набљудувачи на подносителите на листи.
Во Лабуниште, општина Струга е забележано агитирање на две избирачки места, а на друго избирачко место во истата општина, гласањето се одвива без никаква идентификација на гласачите.
Нерегуларности има и на избирачко место во општина Аеродром, каде се делат листови со инструкции како и за кого да гласаат избирачите. Сличен притисок има и на три избирачки места во општина Илинден.
Гласањето е прекинато на едно избирачко место во општина Липково, поради несоодветен гласачки материјал кој го поседувал избирачкиот одбор.
МОСТ известува и дека на избирачко место во општина Чаир, во материјалот за гласање недостасуваат 300 ливчиња, но и покрај тоа Изборниот одбор добил инструкции да го продолжи гласањето.
Набљудувачите на МОСТ информираат и дека гласањето за локалните и претседателските избори воопшто не е започнато на 92 гласачки места. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.