Контакт

Македонија

Иванов и Фрчкоски во втор круг

Објавено пред

Кандидатот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатот на опозициониот СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски ќе го трчаат вториот круг

dobivaj vesti na viber

Кандидатот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов и кандидатот на опозициониот СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски ќе го трчаат вториот круг од претседателските избори.

Ваков заклучок може да се извлече по преброените 94 отсто од гласачките ливчиња, кои предмалку ги објави Државната изборна комисија (ДИК), според кои Иванов освоил 339.706, или 35,04 отсто од важечките гласачки ливчиња, додека за Фрчкоски гласале 197.703, што е 20,40 насто во важечките ливчиња.

На трето место е кандидатот на Нова демократија Имер Селмани, кој добил 145.379 гласови (15,00), а веднаш зад него независниот кандидат Љубе Бошкоски, на кого доверба му дале 144.217 (14,88 отсто) .

Кандидатот на ДУИ Агрон Буџаку има 73.028 гласови (7,53), а претставникот на ЛДП, Нано Ружин освои 38.931 (4,02) насто од гласовите. Последна е претставничката на ДПА Мируше Хоџа, која ја доби подршката од 30.199 гласачи (3,12 отсто)./крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарните 312.070 граѓани

Објавено пред

До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158, односно 23,95 %.

dobivaj vesti na viber

Најголем одѕив во моментот за претседателските избори има во Крива Паланка – 46,44 %. Најмал одѕив за претседателските избори има во Липково – 3,28 %.

Во споредба со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на одѕивот од 3,49 % на овие избори, А во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2024 имаме намалување од 0,7 %.

До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070, односно 25,84 %.

Најголем одѕив во моментот за парламентарните избори има во Кривогаштани – 48,65 %. Најмал одѕив за парламентарните избори има во Маврово и Ростуше – 11,91 %.

Во споредба со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на одѕивот од 2,03 % на овие избори.

Одѕивот по изборни единици за парламентарните избори е следен:
Изборна единица 1 – 31,18 %
Изборна единица 2 – 23,91 %
Изборна единица 3 – 29,18 %
Изборна единица 4 – 26,40 %
Изборна единица 5 – 25,04 %
Изборна единица 6 – 16,71 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Другите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.
Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани може да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така, активна е и видеолинијата на бројот 076 488 360, преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе може во текот на изборниот ден преку видеоповик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засега мирен изборен ден и за обвинителствата, Бајрами чека кривични пријави по сомнежите за изборен поткуп во Охрид и Крива Паланка

Објавено пред

Во согласност со информациите добиени од јавните обвинителства во целата држава, денешниот изборен ден, на кој се гласа на парламентарните и на вториот круг од изборите за претседател, до овој момент, генерално, поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, рече Џељаљ Бајрами, претседател на Комсијата на Обвинителството за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите. Од почетокот на гласањето утрово до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места, а кои би имале елементи на кривично дело.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на вчерашниот ден веќе известивме дека по поднесена пријава во ОЈО Велес, со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција, беше оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција, кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време ОЈО Велес веќе презема дејства за проверка на наводите што се однесуваат на изборен поткуп. Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејства на проверки“, вели обвинителот Бајрами.

Поради малиот број настани кои би можеле да имаат обележја на кривично дело, Бајрами цени дека може да се даде генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент минува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес. Електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело, кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а координации се прават и со други институции надлежни за следење на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела, кои би можеле да го нарушат изборниот процес, ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Објавено пред

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, село Баница, Струмичко, и во општина Боговиње, но по преземените мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во преостанатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес, граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија3 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија4 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ5 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија5 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ6 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет6 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија7 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет7 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет7 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет7 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет7 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ21 час

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија23 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија1 ден

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...