Македонија
Јубилјно 35 издание на саемот за мебел
Јубилејно – 35. издание на МЕБЕЛ 2009 ќе се одржи од 24-29 март на Скопскиот саем
Јубилејно – 35. издание на МЕБЕЛ 2009 ќе се одржи од 24-29 март на Скопскиот саем.
Според најавите, оваа голема саемска манифестација се одржува во седум хали, во сите анекси и во дворот, на вкупна бруто површина од 14.000 метри квадратни.
Радува податокот што за безмалу 20 проценти е зголемени интерес за присуство на нови македонски производители на мебел, што е јасен пoказател за подемот на стопанската гранка.
МЕБЕЛ 2009 и годинава е водечки настан во доменот на модерниот и класичен мебел и дизајн, со учество од над 740 директни и индиректни изложувачи од триесетина земји од целиот свет.
Посетеноста е постојано голема – оттаму и за годинава се прави обид – преку сеопфатно промовирање и наградната игра за посетителите, повторно да се постигне рекордна посетеност, се вели во соопштението на организаторот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

