Македонија
ЕУ иднината на Македонија зависи во вториот круг

ЕУ комесарот Оли Рен ги поздрави добрите избори во Македонија и предупреди дека европската иднина зависи од вториот круг
ЕУ комесарот за проширување Оли Рен го поздрави доброто спроведување на изборите во Македонија, но предупреди дека европската иднина зависи од исполнувањето на меѓународните стандарди во вториот круг.
„Го следев спроведувањето на првиот круг на изборите од близу и видов дека нашата порака е разбрана“, рече Рен и додаде дека е охрабрен од реакцијата на набљудувачите.
Меѓутоа, комесарот предупреди дека „првиот круг, секако е само полуфинале на овој изборен процес“
„Финалето ќе се одржи за две седмици и очекувам фер игра“.
„Ништо не треба да се зема ’здраво за готово’ и неопходни се голема решителност и претпазливост за да се обезбедат слободни и фер избори“, рече Рен.
„Повторувам дека патот до ЕУ води преку ова“./крај/афп/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Мандиќ пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ за случајот поврзан со работата на невладината „Меѓународен сојуз“, каде таа е заменичка на Јовановски.
Таа се сомничи за измама и перење пари, кои Јовановски наводно ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.
Мандиќ се наоѓа во куќен притвор повеќе од два месеца, откако судот позитивно одговори на барањето од обвинителката Вилма Русквоска која побара ваква мерка поради превентива од бегство, уништување на докази и влијание врз сведоци.
Освен заменик-претседателката на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.
По Мандиќ, со документи од „Меѓународниот сојуз“ дојде нејзиниот бранител, Душко Јанковиќ.
Македонија
Ѓорчев во посета на САД: Зголемена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените избори

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, при посета на Вашингтон оствари средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот, како и со Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија во Стејт департментот.
Како што информираат од партијата, на средбата Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелната политичко економска состојба во Македонија, а нагласил и за зголемената поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на предвремените парламентарни избори.
„Разговаравме за билатералните односи меѓу Македонија и САД. Пријателството и сојузништвото со САД се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика. Затоа, ќе продолжиме да ја развиваме нашата соработка во делот на меѓународните односи, одбраната, економијата, инвестициите, дипломатијата и сите други области“, истакна претставникот на опозициската партија по средбите.
Македонија
Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детално урбанистичкиот план кој, како што велат, може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење на населба која навлегува во заштитното подрачје на Парк-шумата Водно.
Жителите на оваа скопска населба најавуваат тужби против општината и градоначалникот Стефан Богоев. Тие велат дека општината ја закажала јавната седница за утре во 15 и 30 часот и бараат наместо тогаш да се одржи по 17 часот кога би можеле да присуствуваат повеќе жители, со оглед на тоа што на повеќето работното време им е до 16 или 17 часот.
„Веќе е поднесена преставка пред уставниот суд за преиспитување на носење на новиот регулациски план донесен во јуни 2018 година од страна на Град Скопје и каде на чуден начин е поделена населбата и споена со т.н. Шпанско село, а сè со цел да може да се издејствува помала густина на населението. На тој начин ќе може да се вцртуваат нови градби, без ограничувања и без да се запазат законските нормативи за сообраќај и живеење. Целата постапка е контравезна уште од самиот почеток кога во сред лето беше распишана јавна презентација со непрофесионално изработениот предлог ДУП, а сега пред нова година пред славата свети Никола се брза да се донесе ДУП , кој може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото и во заштитниот канал од поплави. Истовремено се загрозува и сообраќајната безбедност на улица Козле и Трнодол, како и отварање на можност за градежна инвазија и градење на населба, која навлегува во заштитното подрачје на Парк шумата Водно, а која ќе се протега над контравезното Шпанско село и над населбите Трнодол, Жданец и Козле , а до која е планирано да се пристигнува преку планираната јужна обиколница и сервисниот пат кои треба да поминува низ самата населбата Трнодол по несоодветни и тесни улици“, велат жителите.
Со еден збор, додаваат тие, се планира нова населба која би била копија на онаа околу бившиот хотел „Панорама“ а која повеќе би наликувала на Дебар Маало отколку на Парк- шума како што засега се именува.
Според нив, спорен детал се и маркиците за градба кои се директно позиционирани врз каналот што ги собира водите од планината, а планираните петкатници ќе го загрозат слободниот проток на води во случај на големи дождови и дополнително ќе го поткопаат брдото.
„Затоа од градоначалникот се бара да биде совесен и разумен и да го повлече предолжениот ДУП и согласно позитивните законски прописи за безбедно станување да предложи до советот на општината да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. За оваа опасност постои истражување од 2010 година нарачано од Општината и уште едно испитување кое реализирано од германската амбасада. Резултатите од тие испитување се дека населбата Трнодол лежи на потенцијално нестабилна почва. Затоа задача на Општината е да го заштити брдото со пошумување, зацврсти со шипови, да го регулира течењето на водите во каналите и заштити од ерозија со ново пошумување бидејќи во овој потег има преку 120 исушени дрвја, како и да да преиспитаат сомнителните потпорни зидови под брдото позади двете веќе изградени згради на улица Козле“, велат жителите.
Спротивно од ветувањата пред минатите избори, велат тие, дека ќе се смени начинот на узурпирање на јавниот простор и заштита на Парк шумата Водно, градоначалниците продолжуваат со неразумно служење на градежните профитери.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде