Македонија
Неготинска „Зденка“ инвестира 2,5 млн евра во нов производ
Фабриката за кабли “Зденка“ од Неготино во јуни годинава ќе започне со производство на енергетски кабли во новиот погон
Фабриката за кабли “Зденка“ од Неготино во јуни годинава ќе започне со производство на енергетски кабли во новиот погон во кој е инвестирано околу 2,5 милиони евра.
Како што е соопштено од компанијата, проектот е во фаза на опремување на погонот, која треба да заврши до наредниот месец, јави порталот Тотал
Со отворањето на новиот производен капацитет, производството годинава ќе го зголеми за 1.400 тони.
Постојниот производствен капацитет на фабриката изнесува 4.000 тони кабли на годишно ниво, со план до следната година тоа да достигне 10.000 тони.
Околу 80 отсто од производството на фабриката за кабли се извезува во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Австрија и Словенија.
Минатогодишните приходи на компанијата од 9,6 милиони евра се за 2,6 отсто помали во однос на 2007 година, поради пониската цена на нивните производи на светските пазари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

