Македонија
Кредок: Македонија во НАТО по компромисот за името
Се очекува Македонија да влезе во НАТО кога ќе биде постигнат договор со Грција за името
Се очекува Македонија да влезе во НАТО кога ќе биде постигнат договор со Грција за името.
Ова го изјави Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Џон Кредок, одговарајќи на прашање пред Воениот комитет на Сенатот во Вашингтон, за тоа дали има земји кои би можеле да му се приклучат на НАТО во наредниве 24 месеци.
„Македонија беше поканета. Постои прашање за името на земјата со Грција. Тие сега работат на тоа, но немаат постигнато компромис. Очекуваме кога ќе биде постигнат договор за името меѓу двете земји Македонија да стане членка“, појасни Кредок, пренесува Радио Слободна Европа на македонски јазик.
Тој додаде дека очекува на претстојниот НАТО самит да дојде до проширување со уште две земји, Албанија и Хрватска, кои претходно беа поканети да и се приклучат на Алијансата./крај/р/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

