Македонија
„Алфа“: АДГ Маврово пред стечај
Отварање на стечајната постапка за АДГ Маврово ќе биде ставено на дневен ред уште на првата седница на управниот одбор на Ингра
Отварање на стечајната постапка за АДГ Маврово ќе биде ставено на дневен ред уште на првата седница на управниот одбор на Ингра, која е сопственик на македонската компанија.
Оваа информација синоќа ја објави скопската телевизија „Алфа“, повикувајќи се на извори од Хрватска Ингра.
Сопствениците на Ингра, за Алфа потврдиле дека сериозно размислуваат за ваков крај на македонската фирма поради губење на тендери и пазари и поради запаѓање во финанскиски проблеми.
Прогласувањето на стечај за Маврово, би следувало по само една година од преземањето на градежната компанија од страна на Ингра, која лани за околу 10 милиони евра стана сопственик на 79.1 процент од акциите на Маврово, при што наследи околу 20 милиони евра долгови и 10 милиони евра ненаплатени побарувања.
Најавата за стечај доаѓа откако Ингра не успеа да го добие тендерот за изградба на 145-те училишни спортски сали вреден речиси 60 милиони евра. Хрватскиот инвеститор влезе во жесток судир со домашните институции обвинувајќи дека незаконски бизнисот му го доделиле на Гранит, потсетува телевизија „Алфа“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

