Македонија
Мејер: ЕК го избриша терминот „македонски“ за да ја задоволи Грција
Општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“во Европската унија (ЕУ), неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат
Општоприфатените термини „Македонци“ и „македонски“ и кодот на земјата „МК“во Европската унија (ЕУ), неодамна се заменети со назнака дека „ќе бидат дефинирани“.
Ова, како што пренесува Дојче веле, Европската комисија (ЕК) официјално го потврди на известувачот во Европскиот парламент (ЕП) за Македонија, Ерик Мејер, според кого новонастанатата ситуација води кон нов спор околу името на македонскиот народ и неговиот јазик.
„Се наоѓаме во луда ситуација која нема да има последици за ЕУ, но која и‘ прави задоволство на Грција“, објаснува Ерик Мејер.
Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, кој ја потврдува оваа информација, појаснува дека промената на употребата на стандардните имиња настанала во летото 2008 година.
Ваквата одлука, според Мејер е „ даде симболичен подарок за да се задоволи Грција, која го оспорува користењето на зборот „македонски“ за јазикот и народот“.
„Не постои ниту „фиромски“ народ, ни „фиромски“ јазик, тој ќе биде само македонски“, категоричен е холандскиот европратеник. /крај/дв/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

