Македонија
МОСТ: Излезноста до 13 часот над 21%, регистрирани и помали инциденти
Одзивот на гласачите за претседателските избори до 13 часот е 21,11 проценти, а помали нерегуларности се забележани на избирачки места
Одзивот на гласачите за претседателските избори до 13 часот е 21,11 проценти, а помали нерегуларности се забележани на избирачки места во Тетово, Струга, Велес и Гостивар.
Ова денеска го соопшти невладината организација МОСТ, која изборите ги следи со 3.750 набљудувачи.
На гласачкото место 1918 с. Горно Татеши, Струга, забележани се случаи на јавно гласање, гласање со неуредна документација (возачка дозвола) и несоодветна проверка на идентитетот на гласачите.
Гласачките места 1858 и 1856 Струга, се сместени во иста просторија, заради што процесот на гласање се одвива со потешкотии и во отежнати услови.
Член на ИО на гласачкото место 2142 во Велес, телефонски известувал за имињата на гласачите кои излегуваат на гласање.
Несоодветна употреба на УВ ламба и случаи на семејно гласање регистрирани се на гласачкото место 1932 општина Тетово.
На гласачкото место 0527, Равен, Гостивар, регистриран се случаи на семејно гласање.
Одзивот на гласачите за Градоначалник на Град Скопје до 13,00 часот, според податоците на МОСТ е 22,05%. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

