Македонија
Заврши гласањето
Вториот круг гласање на претседателските и локалните избори во Македонија заврши во 19 часот со затворање на најголемиот дел од вкупно 2976 избирачки
Вториот круг гласање на претседателските и локалните избори во Македонија заврши во 19 часот со затворање на најголемиот дел од вкупно 2976 избирачки места.
Гласањето денеска се одвиваше во добра атмосфера, со помали неправилности и со релативно мал одзив на гласачите
Излезноста на изборите на два часа пред завршувањето на гласањето за шеф на државата, според податоците на Државната изборна комисија изнесуваше 33,65 насто, а цензусот за избор на претседател е 40 проценти.
Одзивот денеска беше значително помал во однос на првиот круг гласање пред две недели, кога до 17 часот своето гласачко право го остварија 48,7 насто од избирачите.
Одзивот на гласачите за избор на градоначалник на Скопје во вториот круг до 17 часот изнесуваше 33,98 проценти, а на локалните избори 47,69 насто.
Претседателот на ДИК Александар Новаковски оцени дека гласањето денеска се одвива во добра атмосфера и не се забележани посериозни неправилности./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

