Македонија
Коњановски во дводневна посета на Црна Гора
Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски, од денеска престојува во посета на Црна Гора, на покана на
Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски, од денеска престојува во посета на Црна Гора, на покана на црногорскиот министер за одбрана, Боро Вучиниќ.
Коњановски, за време на посетата, ќе биде примен и од претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, соопшти Министерството за одбрана.
Предвидено е министрите да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следат и разговори во полн состав на делегациите на двете земји за јакнење на соработката и довербата помеѓу Црна Гора и Македонија, како и за понатамошно продлабочување на воспоставените билатерални релации во делот на одбраната.
Министерот Коњановски на вториот ден од посетата ќе присуствува на прием на брод на морнарицата на САД, организиран од страна на адмирал Марк Фитџералд, командант на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол и командант на американската морнарица за Европа.
Предвидено е во рамки на дводневната посета на Црна Гора, македонската делегација да ги посети и културно историските споменици во црногорската престолнина Цетиње и во Котор. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

