Контакт

Македонија

ЗНМ со осуда за вербален напад врз новинари

Објавено пред

Осуда за вербалниот напад врз новинари од страна на советници на општина Кисела Вода, упати денеска Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)

Осуда за вербалниот напад врз новинари од страна на советници на општина Кисела Вода, упати денеска Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

“ЗНМ го осудува вербалниот напад врз новинарите од страна на советничката на општината Кисела Вода, Лепа Шеќерова, и на дел од нејзините колеги од Советот на оваа скопска општина што се случил на последната седница на стариот состав на Советот на општината“, се наведува во соопштението.

ЗНМ додава “народните избраници“ мора да го корегираат своето однесување, поради нивното ниво на комуницирање, и почесто да се повикуваат на одговорност пред јавноста.

“Особено загрижува речникот со кој се изразува еден просветен работник и педагог, како што е г-ѓа Шеќерова“, се посочува во соопштението, каде се осудува и нереагирањето на Советот на општина Кисела Вода.

“Задача на новинарот е да ја следи работата на Советот и за тоа да информира, без разлика дали некому му се допаѓала вистината што тие ја напишале или откриле, или не“, заклучува Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)./крај/со/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.

Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.

„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.

Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Бројот на ученици што спротуваат сакаме да го зголемиме од 5.000 на 50.000

Објавено пред

Остануваме на намерата преку моделот на училиштен спорт да го зголемиме бројот на учениците што спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образование, рече премиерот Заев при увидот во градежните работи за изведба на спортска сала при основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Волково.

Се работи за спортска сала од 650 квадратни метри со вкупна вредност од 24 милиони денари (400.000 евра).

Во изјавата за медиумите премиерот истакна дека изградбата на оваа спортска сала е во духот на реформите во основното образование и новиот Закон за основното образование, каде што има тандем наставници за изучување на предметите по физичко образование како една од стратешките определби на Владата.

„Селото Волково и училиштето ‘Јоаким Крчовски’ првпат добиваат спортска сала по 60 години, која се гради од Министерството за образование и наука со помош и со поддршка на Општина Ѓорче Петров и ќе им служи на 367 ученици од село Волково и село Орман“, нагласи Заев.

Тој при увидот во градежните работи, кои се очекува да завршат во мај в година, беше придружуван од заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утревечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот Македонија

Објавено пред

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот Македонија ќе светне утревечер во 19:30 часот, а ќе почне со работа и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти Град Скопје. Со тоа, како што велат од Градот, во Скопје и официјално ќе почне празнувањето во пресрет на највеселиот ден во годината, а граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма.

Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

Градот Скопје ги поканува граѓаните утревечер да дојдат на плоштадот Македонија  од 17:30 часот да ја проследат детската новогодишна програма, а потоа, во 19:30 часот да присуствуваат на осветлувањето на новогодишната елка. Сите заедно да уживаме во културно-забавните содржини кои ќе ги збогатат деновите до најлудата ноќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Во цела Франција синдикатите почнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е...

Свет3 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија5 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија5 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија6 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија9 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура9 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион10 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет11 час

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија11 час

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет11 час

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт12 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа12 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет12 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет12 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион12 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија23 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Досие