Македонија
УЕФА – осум години суспензија за ФК Победа за лажирање
Двократниот македонски фудбалски првак, Победа, е казнет за лажирање од УЕФА со забрана да настапува во сите европски натпреварувања во следните осум
Двократниот македонски фудбалски првак, Победа, е казнет за лажирање од УЕФА со забрана да настапува во сите европски натпреварувања во следните осум години.
Одлуката, како што пренесува Макфакс,вечерва ја соопшти Европската фудбалска федерација (УЕФА) по истрагата што ја водеше за мечот на Победа против ерменски Пјуник во рамки на првото квалификациско коло во Лигата на шампиони,на 13 јули 2004 година.
Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни и претседателот на прилепска Победа Александар Забрчанец како и поранешниот капитен на клубот Николче Здравески, со доживотна забрана да извршуваат каква и да е активност во фудбалот.
Со истрагата, како што е соопштено, е утврдено дека сите суспендирани ги прекршиле принципите на интегритет и спортско однесување со манипулирање на конечен исход на меч во рамките на УЕФА со цел да стекнат предност за себе и трета страна.
Обвинението против Победа, нејзиниот прв човек, и еден фудбалер, се темели на извештаи прибрани од обложувалниците за вештачко кревање на коефициентот за односниот натпревар и изјави на неколку очевидци.
Одлуката е донесена по седумчасовно заседавање на Дисциплинската комисија на УЕФА, за време на кое биле сослушани претставници на Победа, како и експерт за обложување.
УЕФА соопшти дека ќе побара примена на овие суспензии и од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
За УЕФА беше сомнителен првиот меч меѓу Победа и Пјуник, одигран во Скопје во кој гостите славеа со 3:1 со головите на Манучарјан во 15 и 41 минута и Ховханисјан во 26 минута, почесниот погодок за прилепчани беше дело на Гешоски во 80 минута. Реваншот во Ереван заврши без победник – 1:1 и во следната рунда се пласира ерменскиот шампион. /крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

