Македонија
НАТО не го менува правото на вето за нови членки
Македонија да не се надева дека НАТО ќе ги промени правилата на одлучување за прием на нови членки и ќе може да добие покана без претходно да ги
Македонија да не се надева дека НАТО ќе ги промени правилата на одлучување за прием на нови членки и ќе може да добие покана без претходно да ги реши разликите околу името со Грција.
Ова го порача холандската амбасадорка во Скопје Симоне Филипини, во интервју за Радио Слободна Европа, програма на македонски јазик, објавено денеска.
Одговарајќи на прашање, дали НАТО во иднина би можел да прима нови членки со консензус минус една земја, Филипини наведе дека за тоа нема сериозен дијалог внатре во Алијансата.
„Да бидат искрена мислам дека никој не треба да смета на тоа. НАТО е организација која се темели на консензус и ќе продолжи да биде тоа. Нема сериозен дијалог во оваа фаза да се сменат правилата на играта. Всушност мислам дека засега проблемот со името е единствената пречка на патот кон НАТО интеграцијата на Македонија“, изјави амбасадорката Филипини.
Холандската амбасадорка, како што пренесува Макфакс, оцени дека идното членство на Македонија во НАТО не е прашање на дали, туку кога таа ќе стане членка.
„Како што знаете минатата година во Букурешт беше кажано дека Македонија ги исполнува условите и дека единствената работа што треба да се заврши е заедничко прифатливо решение во спорот со името…. Сите се надеваат дека проблемот со името ќе се реши што побрзо. Се разбира тоа зависи од двете засегнати земји кои треба конструктивно и отворено да најдат решение. Штом ќе се случи тоа, оваа земја ќе добие покана за членство. Ова неодамна беше повторено и од новиот американски претседател Барак Обама на самитот на НАТО“, изјави Филипини.
Таа не ја исклучи можноста Грција да ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, како во случајот со ветото за во НАТО.
„Секако дека прашањето за спорот со името се испречува на патот и кон НАТО и кон ЕУ интеграцијата на Македонија. Ова прашање треба да биде решено пред членството во Европската Унија“, изјави Филипини.
Таа наведе дека иако Македонија ги исполнува критериуми за влез во НАТО, земјата треба да продолжи со реформите во одбраната и војската, а во врска со евроинтеграцијата приоритети треба да бидат борбата против корупцијата, деполитизацијата на граѓанското општество и владеење на правото.
Во врска со визната либерализација, Филипини наведе дека Холандија ќе се води од препораките што во новиот извештај ќе ги изнесе Европската комисија./крај/рсе/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

