Македонија
ДИК – мирно прегласување, излезноста 45 отсто

Прегласувањето за градоначалници што денеска се одржува во пет општини се одвива во демократска атмосфера, а излезноста до 16,00 часот е околу 45 отс
Прегласувањето за градоначалници што денеска се одржува во пет општини се одвива во демократска атмосфера, а излезноста до 16,00 часот е околу 45 отсто, соопшти ДИК.
„Вториот круг избори за градоначалник во општините Зелениково, Маврово и Ростуша, Чучер Сандево, Долнени и Студеничани се одвива во рамки на законот и досега нема пристигнато информации за какви и да е нерегуларности“, изјави попладнево портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) Зоран Таневски.
Тој додаде дека излезноста до 16.00 часот е 44.36 отсто, според податоците добиени од 88 од вкупно 123 избирачки места
Најголема е излезноста во Зелениково – 62 отсто, а најмала во Маврово и Ростуша – 32 отсто.
Сите гласачки места ќе бидат отворени до 19,00 часот, освен три во општината Чучер Сандево каде гласањето почнало со еден час задоцнување.
Претходно, граѓанската асоцијација МОСТ соопшти дека нејзините набљудувачи регистрирале случаи на семејно гласање на повеќе избирачки места во општините Долнени и Студеничани.
Освен од МОСТ, прегласувањето го следат и набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР. /крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Трагедијата бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени

Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени, велат од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според нив, власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност.
„Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
Партијата ги повика институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.