Македонија
868 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.654 тестирања, а регистрирани се 868 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 424, Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево по 11, Струга и Берово по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен по 5, Пробиштип и Демир Хисар по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево по 2 и по еден во Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран.
Регистрирани се и 397 оздравени пациенти од Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани по 8, Берово – 5, Штип и Крушево по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци по 2 и по еден во Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.
Пријавени се вкупно 15 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по 2 пациенти од Тетово (72 и 59 години) и Охрид (78 и 57 години), и по 1 пациент од Прилеп (80), Куманово (71), Штип (64), Кавадарци (65), Битола (73) и Неготино (74). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.654 тестови преку: ИЈЗ-707, ЦЈЗ Скопје-70, Авицена-352, Биотек-362, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-311, лабораторија Лаор–259, Судска медицина-52, ЦЈЗ Битола-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Синлаб-77, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-17 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.123.
Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872.
Според досега завршените анализи, ова е најновата статистика по градови. За секој град најпрво е дадена бројката на новозаразени, а потоа и онаа на вкупно активни случаи.
Скопје 424, активни 5.258
Прилеп 72, активни 792
Куманово 42, активни 418
Тетово 28, активни 322
Гостивар 15, активни 251
Штип 14, активни 163
Кавадарци 27, активни 597
Велес 21, активни 295
Битола 34, активни 273
Охрид 31, активни 465
Струмица 9, активни 195
Струга 10, активни 171
Кочани 15, активни 137
Кичево 5, активни 51
Неготино 26, активни 392
Гевгелија 20, активни 302
Свети Николе 1, активни 33
Крива Паланка 11, активни 140
Ресен 5, активни 76
Дебар, активни 16
Радовиш 2, активни 30
Делчево 1, активни 48
Берово 10, активни 50
Пробиштип 3, активни 35
Виница, активни 23
Валандово 8, активни 32
Крушево 11, активни 105
Богданци 6, активни 70
Кратово 1, активни 25
Демир Хисар 3, активни 38
Демир Капија 8, активни 46
Македонски Брод 2, активни 8
Македонска Каменица, активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

