Македонија
ПроКредит банка објави добивка од два милиони евра

Нето добивка од два милиони евра остварила македонската ПроКредит Банка, објави денеска на прес конференција менаџментот на банката
Нето добивка од два милиони евра остварила македонската ПроКредит Банка, објави денеска на прес конференција менаџментот на банката.
Притоа беше истакнато дека вкупната актива на банката заклучно со декември 2008 година изнесува 185 милиони евра, вкупното кредитно портфолио 130 милиони евра, а вкупното депозитно портфолио 128 милиони евра.
За раководството на банката посебен успех е нискиот процент на кредит на доцнење од над 90 дена, кој лани изнесувал 0,79 отсто, што е далеку под македонскиот просек од 6,7 отсто.
Банката во своето кредитно работење е концентрирана на кредитирањето на многу мали, мали и средни претпријатија, додека има крајно дефанзивен однос кон кредитирањето на населението.
Околу деведесет отсто од кредитите банката ги пласирала во земјоделството, трговијата, индустријата, градежништвото, транспортот и туризмот, додека само еден отсто од кредитното портфолио отпаѓа на потрошувачки кредити.
Просечната каматна стапка на кредитите на ПроКредит Банка се движи од 14-16 отсто. Раководството на банката информираше дека не размислува да ја зголеми оваа стапка, изразувајќи оптимизам дека таа на долг рок ќе се намали.
Во врска со безбедноста, прашање што се актуелизира по неодамнешниот грабеж на експозитура во центарот на Скопје, од ПроКредит Банка велат дека безбедноста е на високо ниво, а вработените имаат поминато соодветен тренинг.
Приоритет во такви ситуации е сочувување на безбедноста на вработените и клиентите и да се одбегне евентуална престрелка во некоја од експозитурите, изјави генералниот директор на ПроКредит Банка, Јованка Јолеска-Поповска. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денешната владина седница ќе се одржи во Куманово

Владата својата редовна ќе ја одржи денеска во Куманово.
Со оваа трета седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата, Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од регионот.
На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот. За таа цел, како што информираат од владината прес-служба, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово – Св. Николе.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети општата болница во Куманово, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како еден од корисниците на ИПАРД програмата.
Во Здружението на пензионери, министерот Венко Филипче ќе се сретне со пензионерите од Куманово и регионот, после што се предвидени и изјави за медиумите.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот. Средбата ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Куманово.
Македонија
Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар.
Од МВР информираа дека момчето било пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката.
Мајката на Мартин претходно пријави во полицијата дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син, кој боледува од аутизам. Од полицијата соопштија дека веднаш презеле мерки и активности за пронаоѓање на детето.
Македонија
Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања

„По принципот ‘држете го крадецот’ оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол?“, ваква е реакцијата на Министерството за одбрана и министерката Радмила Шекеринска, по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се вели дека е воспоставен фер и праведен принцип за селектирање на учесници во мисиите со почитување на процедурите.
„ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.
Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања. Бидете доследни барем сега кога ги поправаме вашите бесмислени и коруптивни политики“, се вели во реакцијата.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде