Македонија
Динстбиер-Влез во ЕУ по отстранувањето на пречките
Пречките за проширување на Европската унија со земјите од Балканот би требало да ги снема по усвојувањето на Лисабонскиот договор и по ирскиот
Пречките за проширување на Европската унија со земјите од Балканот би требало да ги снема по усвојувањето на Лисабонскиот договор и по ирскиот референдум.
Ова денеска го изјави Јиржи Динстбиер, претседател на Комисијата за надворешна политика и одбрана и безбедност на Чешката Република.
Според него, втор проблем што може да го забави интегрирањето на земјите од Западен Балкан во Унијата е светската економска криза.
„Другиот проблем е светската економска криза, за која што никој не знае доколку продолжи до каде ќе оди, така што за жал, интересот на сите влади е како да се излезе од кризата, отколку за проширувањето на Унијата“, рече Динстбиер.
Тој додаде дека владината криза во Чешка нема да го промени пристапот на земјата претседавач со Унијата кон Македонија и дека поддршката за евроинтегративните процеси останува. /крај/амп/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

