Македонија
Воздухопловните власти со кривичнa постапкa против МАТ
Македонските воздухопловни власти кривично ќе ги гонат првите луѓе на МАТ, обвинувајќи ја дека продавала билети за приземјен авион, без без замена
Македонските воздухопловни власти кривично ќе ги гонат првите луѓе на МАТ, обвинувајќи ја националната авиокомпанија дека продавала билети за приземјен авион, без да обезбеди замена.
„МАТ на кој единствениот воздухоплов Боинг 737 му е непловидбен, продавал авионски билети на патници, без притоа да обезбеди друг воздухоплов, со кој ќе го реализира најавениот превоз“, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) по денешната инспекција.
„АЦВ, ќе поведе прекршочна и кривична постапка против претседателот на Управниот одбор на МАТ, Златко Петровски и директорот на компанијата, Ѓорѓи Чачкиров, а ќе ја информира и Владата за актуелните состојби во компанијата“, наведува агенцијата.
Воздухопловните власти ги информираат патниците дека согласно законот „можат да побараат остварување на нивните права и надомест на штета, поради непрофесионалното однесување на МАТ“./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

