Македонија
Има ли Македонци во Мексико?
Нема официјални податоци за тоа дали има македонски државјани во Мексико, каде се појави опасен вирус на свински грип и досега однесе 103 животи
Нема официјални податоци за тоа дали има македонски државјани во Мексико, каде се појави опасен вирус на свински грип и досега однесе 103 животи.Македонија нема дипломатско конзуларно претставништво ниту во Мексико, ниту во цела Јужна Америка и затоа, според Министерството за надворешни работи, е речиси невозможно да се провери дали има македонски граѓани во таа латиноамериканска држава. Македонија дипломатски го покрива Мексико со мисијата при Обединетите нации. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ми се закани дека ќе ме убие“ – реални сведоштва на жртви на онлајн насилство дел од кампања на УНДП
Реални и автентични сведоштва на девојки и жени кои се соочиле со онлајн закани, уцени, вознемирувања и објавување интимни содржини на интернет без согласност се екранизирани во три видеа во рамки на кампањата „И онлајн насилството остава лузни“ што ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Преку видеата се доловуваат насилството, траумите и стравот со кои се соочуваат жртвите на насилство на интернет и се охрабруваат и информираат како да го пријават случајот во полиција.
Анкетата што ја спроведе УНДП, на која учествуваа 311 испитанички, покажа дека повеќе од 60 отсто од жените во земјава најмалку еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Сведоштвата на три девојки и жени од оваа анкета беа развиени во видеа со цел да се зголеми свесноста за присуството на овој вид насилство и да се информираат жртвите како да го препознаат и пријават насилството. Во видеата беа ангажирани три млади актерки кои ги пренесоа стравот и траумите со кои се соочиле жртвите.
„Многу ми е страв! Тој ми се закани дека ќе објави фотографии од мене како се туширам и сум гола на Фејсбук, без моја согласност.“
„Ме демнеше маж на социјалните мрежи преку лажни профили и ми ги следеше активностите на интернет. Ме уценуваше да се омажам со него за да запре демнењето и вознемирувањето. Ми се закани и дека ќе ме убие.“
„Имам 17 години. Група малолетни машки лица сексуално ме вознемируваа и снимката од тоа ја објавија на интернет.“
Онлајн родово – базираното насилство е секоја форма на демнење, вознемирување, закани, родово-базиран говор на омраза, споделување интимни содржини без дозвола, и во најголема мера е насочено кон жените и девојките. Овој тип насилство може да се пријави во полициска станица или на електронската адреса [email protected].
Кампањата „И онлајн насилството остава лузни“ се спроведува во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Скопје
Во текот на викендот се подигнати 𝟨𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода, известија од Комунална хигиена-Скопје.
Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште.
Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.
Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.
Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите
Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани, велат од Демократската Унија за Интерграција повикувајќи ја Владата да го усвои Законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност, како и да спроведе ревизијата на процесот на приватизација.
„Ревизијата на процесот на приватизација е неопходна. Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба. Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси“, порача ДУИ.
Партијата додаде дека деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската унија, па затоа време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите.