Македонија
Доживотен затвор во САД за браќата од Дебар

Конечна казна доживотен затвор за тероризам им изрече американскиот суд на дебарските браќа Дука
Конечна казна доживотен затвор за тероризам им изрече американскиот суд на дебарските браќа Дука.
Браќата Дритан (30), Шаин (28) и Елвир (25) Дука се осудени на доживотен затвор поради организирање на терористички напад врз воената база во Форт Дикс во близина на Филаделфија.
Во петчлената група, која е обвинета за тероризам биле и јорданецот Мохамед Шневер (23) и натурализираниот американец од турско потекло Сердар Татар (24), на кои пресудата треба да им биде изречена денеска.
Дебарските браќа се обвинети дека како Исламски радикали планирале напад врз базата Форт Дикс, со цел да убијат голем број на војници.
Обвинетите пред судот изјавија дека не се виновни и оти се жртви на конспирација.
Петчлената група била уапсена во април 2007 година, откако платен информатор на ФБИ донел снимки со осудените како купуваат седум автоматски пушки за 1400 долари, а претходно тие биле снимени како пукаат во воздух и извикуваат „Господ е голем“
Семејството Дука, кој крајот на осумдесеттите години од Дебар емигрирало во Италија, а од таму во САД. Во САД престојувале илегално и се населиле во Јужен Џерси, каде почнале семеен бизнис. Осудените браќа работеле како градежни работници. /крај/мн/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.