Македонија
Завршува посетата на тимот на НАТО
Извештај за постигнатиот напредок во Македонија што ќе биде презентирана пред членките на НАТО, ќе подготви делегацијата на Алијансата
Извештај за постигнатиот напредок во Македонија што ќе биде презентирана пред членките на НАТО, ќе подготви делегацијата на Алијансата, која денеска ја завршува посетата на земјава.
Проширениот тим на НАТО за проценка на имплементацијата на Акциониот план за членство (МАП), е предводен од заменикот Генералниот Секретар на Алијансата за безбедносна соработка и партнерство Роберт Симонс, кој претпладнево ќе има средба со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.
Тимот на НАТО од понеделникот е во Македонија во проценка на имплементација на Акциониот план и активностите предвидени во Годишната национална програма на Македонија за членство во НАТО
Македонија ги исполнува сите критериуми за членство во Алијансата и преостанува да се реши спорот за името со Грција, рече вчера во Брисел генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

