Македонија
ЗНМ повикува на масовен новинарски протест
Акција под мотото „Пет минути громогласна тишина“, како и масовен новинарски протест, организира Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод Трети мај
Акција под мотото „Пет минути громогласна тишина“, како и масовен новинарски протест, организира Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод Трети мај-Светскиот ден за слобода на печатот.
Акцијата „Пет минути громогласна тишина“, која годинава се спроведува под мотото, „За достоинство на новинарите, за достоинствена професија“, предвидено е медиумите со петминутен прекин на емитување на вести, да ја одбележат в недела.
Наредниот ден пак, на четврти мај, ЗНМ ги повикува новинарите и медиумските работници на масовен новинарски протест, кој е предвидено да се одржи на плоштадот Македонија.
„Очекуваме да се приклучите на дефилето, сите заедно да го дигнеме гласот против лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија, за платите..’“, се наведува во соопштението на ЗНМ. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.