Македонија
Убиство поради 17 илјади денари
Македонската полиција го приведе дваесет и шест годишниот С.Х од Скопје, под сомневање дека синоќа во парк шумата Гази Баба со нож го убил
Македонската полиција го приведе дваесет и шест годишниот С.Х од Скопје, под сомневање дека синоќа во парк шумата Гази Баба со нож го убил скопјанецот Зумбери Фати (21).
Според полицијата осомничениот убиец во парк шумата Гази Баба вчера околу 18 часот и 15 минути се сретнал со лицата Р.К., З.Д. и З.Ф., на кои им должел 17 илјади денари.
Поради тоа меѓу нив избувнала вербална расправија и физичка пресметка. С.Х. успеал да извади нож од џебот, со кој со еден удар му нанел убодна рана во пределот на градите на Зумбери и избегал.
Зумбери бил пренесен во Градската болница во Скопје, каде е констатирана смрт.
Врз основа на доказите пронајдени на местото на убиството, спортска патика, искината маица и траги слични на крв, полицијата синоќа околу 20 часот го пронајде осомничениот С.Х во близина на ОУ Тефејуз. Кај него бил пронајден и ножот, за кој се претпоставува дека бил употребен во убиството.
Против С.Х. е поднесена кривична пријава за убиство./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

