Македонија
Бежичен интернет во руралните средини
Одлука за реализација на проект за поставување на 680 точки за бежичен интернет во руралните средини, денеска донесе Владата
Одлука за реализација на проект за поставување на 680 точки за бежичен интернет во руралните средини, денеска донесе Владата.
„Основната идеjа на проектот е да се субвенционира приватниот сектор да изгради инфраструктурна мрежа во руралните средини“, се наведува во владиното соопштение.
На секое од определените точки ќе има компјутер со бесплатен интернет достапен за сите граѓани, а во близина на компјутерот ќе има безжична антена што ќе зрачи бесплатен интернет сигнал за граѓаните во домет. Идентификуваните места се во рурални средини каде што има подрачни единици на основни и средни школи.
Проектот е планиран да биде финансиран во наредните четири години и тој нема да изнесува повеќе од четири милиони евра.
Wi-Fi технологиите се поддржани од речиси секој модерен персонален компјутер, оперативен систем, понапредни конзоли за видео игри, лаптопи, принтери и други уреди за печатење. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

