Македонија
Македонија и Србија – Заедничките цели се поголеми од разликите
Македонија и Србија влегуваат во нова поквалитетна дипломатска фаза со заеднички интереси, пред сè, на процесот на евроинтеграции
Македонија и Србија влегуваат во нова поквалитетна дипломатска фаза со заеднички интереси, пред сè, на процесот на евроинтеграции, иако разликите за Косово остануваат.
Ова е оценка на македонскиот министер за надворешни работи Антони Милошоски по средбата во Скопје со неговиот српски колега Вук Јеремиќ, прва на високо државно по македонското признавање на независноста на Косово, што ги влоши односите Скопје-Белград.
Македонскиот министер посочи дека постојат разлики за одредени прашања од регионот, пред сè, за Косово, нагласувајќи дека „заедничките цели се поголеми од разликите“.
Српскиот министер за надворешни работи повтори дека Белград и Скопје немаат ист поглед кон статусот на Косово, ниту пак има доближување на ставовите.
„Но, треба да се сконцентрираме на она што не спојува, а не на она што не разделува“, рече министерот Јеремиќ.
Според него, двете држави треба да постигнат согласност со кое темпо, како и на кој начин ќе се движат кон Европската унија.
„Во овие тешки времиња потребна ни е најтесна соработка“, рече Јеремиќ
Македонскиот министер рече дека на средбата станало збор за „важни билатерални прашања за трговските, политички и културни односи“
Македонија веќе назначи нов амбасадор во Белград, откако Србија го протера претходниот поради признавањето на Косово./крај/ис/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

