Македонија
Одбележан Денот на македонската полиција

Македонската полиција продолжува со успешните реформи и ефикасна борба против сите видови криминал, а постигнатиот напредок беше констатиран
Македонската полиција продолжува со успешните реформи и ефикасна борба против сите видови криминал, а постигнатиот напредок беше констатиран и од Европската комисија.
Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето на централната манифестација по повод Денот на македонската полиција, што се одржа во скопската касарна “Ѓорче Петров”.
Пред припадниците на МВР, како и претставници на Владата, Армијата и странски дипломати, министерката Јанкулоска потенцираше дека добиените признанија и постигнатите резултати не треба да се сметаат за доволни, ниту, пак, смеат да бидат замена за достоинството кое треба да се заслужи со постојано залагање.
„Дотолку повеќе што треба удвојување на напорите за стекнување на најголемите признанија олицетворени во укинувањето на визниот режим и влегувањето на Македонија во кругот на евро-атлантското семејство. Повеќе од убедена сум дека имаме и воља и капацитет да го постигнеме тоа”, истакна министерката Јанкулоска.
Во рамки на централната манифестација, беше изведена методско-показна вежба на припадниците на полицијата, како и изложба на фотографии од активностите на припадниците на МВР..
Одбележувањето на празникот почна претпладнето со положување свежо цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на МВР од делегација на Министерството, како и роднините на загинатите бранители../крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.