Контакт

Македонија

Тојота со најлош резултат во историјата

Објавено пред

Најголемиот светски произведувач на автомобили Тојота објави загуба од 436,94 милијарди јена (4,41 млрд долари) во фискалната година

Најголемиот светски произведувач на автомобили Тојота објави загуба од 436,94 милијарди јена (4,41 млрд долари) во фискалната година, што заврши во март.

Овој резултат е далеку полош од предвидувањата и воедно претставува најлош деловен резултат во историјата на компанијата.

Очекувањата за наредната година се песимистички и не се исклучува можноста од двојно поголема загуба.

Светската финансиска криза предизвика пад на продажбата на возилата на Тојота на глобално ниво за околу 22 отсто. /крај/б/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николовски од Делчево: За две и пол години од крв во Собранието стигнавме до НАТО

Објавено пред

„Ние сме генерација политичари која храбро и одговорно се зафати да го реши тоа што никој досега не го решил, за да не губиме време. Затоа што оваа земја нема време за да губи повеќе генерации. Затоа храбро ги донесовме сите одлуки. За само две и пол години од раб на граѓанска војна и крв во Собранието, стигнавме да седиме на иста маса со Америка, Германија, Франција и најголемите светски сили. Денеска ви давам збор нашето мото ќе биде да ги вратиме Македонците тука на Истокот, а да извезуваме макаедонски производи. Тоа ќе го постигнеме затоа што го вративме достоинството, затоа што за младите обезбедуваме преспектива, затоа што отвораме нови работни места“, порача Љупчо Никоовски, генераен секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од синоќешната трибина во Делчево.

Тој потсети дека во 2016 година кога СДСМ барало доверба од граѓаните со конкретни проекти, а Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев оделе низ Истoчниот регион и ги лажеле и манипулирале граѓаните дека ќе има кантонизација, федерализација.

„Ништо нема од тоа, освен реализација на конкретни мерки, враќање на парите кај граѓаните. Укинување на радиодифузната такса, решавање на проблемите на стечајците, покачување на минималната плата и на просечната плата, раст платите во сите други сектори, раст на пензиите. Тие ниту се радуваа кога се креваше македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ниту аплаудираше Мицкоски кога станавме членки на НАТО. Две и пол години сакаат да не туркаат назад. За да се спасат од криминалот и за да не одговараат. Ги блокираа сите закони, гласаа против зголемувањето на минималната плата. Од мизерни 9.000 денари покажавме дека може да биде 14,500 денари. Го штитиме работникот, правата на работниците се светост“, рече Николовски.

Тој пред делчевци даде збор дека минималната плата до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари, а просечната плата ќе биде 34.000 денари, но и ќе се изгради и четврт експресен пат кој ќе го поврзува Кочани со Делчево, до граничниот премин.

Прикажи повеќе...

Македонија

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Објавено пред

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Уште повеќе пари кај граѓаните, домашна платежна картичка од 9.000 денари и за стечајците

Објавено пред

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средби со граѓаните од Куманово најави дека дополнително ќе се зголеми опфатот на граѓани кои добиваат домашна платежна картичка.

„12.000 стечајни работници денес добиваат месечен надомест од 8.000 денари. Тие ќе добијат и картичка од 9.000 денари како помош во здравствено-економската криза. Ваква картичка ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители и невработените кои не се активни баратели на работа. СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво“, рече Спасовски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници. Тој најави дека и во новиот мандат продолжува насочувањето на парите кон граѓаните.

„Ќе го зголемиме лимитот на поврат на ДДВ од 600 на 800 денари. На секој нововработен млад човек до 29 години во произбодството или земјоделството државата ќе му го врати персоналниот данок на сметка, со што мотивираме вработувања во реалниот сектор“, додаде Спасовски.

Тој направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри на листите.

„Мисајловски и 11-годишната режимска власт, еден денар немаат инвестирано во Куманово. Во маалото каде живее канализација немаше, денес ние му ја градиме. Обновен режим, грабање и крадење никогаш повеќе“, порача Спасовски.

„Затоа, на 15. јули граѓаните ќе гласаат за концептот којшто обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите. Изборите се важни, гласаме за фер општество кое се грижи за сите, да го заокружиме бројот 3“, повика Спасовски, кој додаде дека тоа ќе биде глас за сигурна иднина со развојна економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет15 минути

Во САД над 3 милиони заразени со ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија38 минути

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион52 минути

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар...

Свет12 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион15 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија16 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион18 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија19 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија19 часа

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија20 часа

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет21 час

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија21 час

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет23 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион1 ден

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија1 ден

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет1 ден

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет1 ден

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија1 ден

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Досие