Македонија
Алсат-М:Сејдиу добил покана за инаугурацијата на Иванов
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу добил покана да учествува на свечената инаугурација на претседателот Ѓорге Иванов која ќе се одржи на 12 мај
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу добил покана да учествува на свечената инаугурација на претседателот Ѓорге Иванов која ќе се одржи на 12 мај.
Како што јави телевизијата Алсат-М, спикерот на собранието Трајко Велјановски, кој е домаќин на церемонијата, под притисок на реакциите од јавноста ја испратил поканата до Сејдиу, но од кабинетот на косовскиот претседател засега нема потврда дали тој ќе учествува на настанот.
Претседателот на Собранието првично не го покани Сејдиу, а според информациите во медиумите, главната причина за ваквата одлука било најавеното присуство на српскиот претседател Борис Тадиќ во Скопје.
Непоканувањето на косовскиот претседател предизвика остри реакции кај албанскиот опозициски блок во земјава. ДПА веќе најави дека ќе ја бојкотира инаугурацијата на новиот претседател, бидејќи според нив тој немал легитимитет кај Албанците. И пратениците на Нова демократија најавија бојкот поради непоканувањето на Сејдиу.
На церемонијата официјално беа поканети српскиот претседател Тадиќ, албанскиот Бамир Топи, хрватскиот Стипе Месиќ, црногорскиот Филип Вујановиќ, грчкиот Каролос Папуљас, бугарскиот Георги Парванов, турскиот Абдула Ѓул, како и претседателот на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ. /крај/алсат-м/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

