Македонија
Специјална Олимпијада ја одбележа Европската Фудбалска Недела
Специјална Олимпијада на Македонија ја одбележа Европската Фудбалска Недела на Специјална Олимпијада
Специјална Олимпијада на Македонија ја одбележа Европската Фудбалска Недела на Специјална Олимпијада.
Во нејзини рамки, вчера на стадионот на Воениот Центар во Градскиот парк во Скопје се натпреваруваа повеќе 200 атлети од Специјалната Олимпијада Македонија и 50 претставници на регуларна популација, фудбалери од ФК Цементарница, вработени во Кодинг, ДХЛ и спортисти рекреативци.
Целта на овогодинешните натпреварувања беше да се создадат мешани тимови од редовната популација и Атлети на Специјалната Олимпијада Македонија за да се продлабочи социјализацијата и интеграцијата на лицата со посебни потреби преку спорт и спортски активности.
Настанот во Македонија беше поддржан од Македонскиот Олимписки Комитет и Фудбалската Федерација на Македонија.
На Европско ниво манифестацијата е поддржана од УЕФА, а целиот настан на највисоко ниво е заокружен со натпревари во Јунифајд Фудбал во: Лондон(ТХФ), Милан( Интер), Стокхолм(Коервер).
Европската фудбалска недела се случува во 45 земји во Европа и Евроазија и се предвидува да опфати 50 000 атлети на Специјалната Олимпијада. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

