Македонија
Инаугурација на претседателот Иванов

Инаугурацијата на новиот претседател на Македонија Ѓорге Иванов почна во пленарната сала во Собранието
Инаугурацијата на новиот претседател на Македонија Ѓорге Иванов почна во пленарната сала во Собранието.
Новоизбраниот претседател Иванов пред зградата на Собранието беше пречекан од претседателот во заминување Бранко Црвенковски и од Гардата на Армијата на Република Македонија.
Свечената инаугуративна седница започна со интонирање на македонската химна, по што новоизбраниот претседател ќе положи свечена заклетва и ќе го одржи првиот говор во парламентот.
На инаугурацијата на претседателот Иванов присуствуваат досегашниот шеф на државата Бранко Црвенковски, првиот пртседател Киро Глигоров, премиерот Никола Груевски со членовите на владиниот кабинет, претставници на Армијата, МАНУ, судството и на верските заедници, дипломатскиот кор, како и странски државници..
Присутни се претседателите на Албанија, Бамир Топи, на Хрватска, Стипе Месиќ, на Србија Борис Тадиќ, како и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
На свечената инаугурација на новиот македонски претседател присуствуваат и пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, НД, НСДП и ЛДП.
Инаугурацијата на Иванов ја бојкотира опозиционата ДПА./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)