Контакт

Македонија

Министерот Ивановски на средба со првите луѓе на европскиот ИТ сектор

Објавено пред

Собир на водечки луѓе од областа на ИТ технологијата од повеќе европски земји, на која ќе присуствува и македонскиот министер Иво Ивановски, ќе се

dobivaj vesti na viber

Собир на водечки луѓе од областа на ИТ технологијата од повеќе европски земји, на која ќе присуствува и македонскиот министер Иво Ивановски, ќе се одржи денеска во Прага, Чешка.

Министерот Ивановски ќе го отвори овој настан што ги соединува сите водечки државни и приватни носители на одлуки од областа на информатичко-комуникациските технологии, за да дискутираат за актуелните прашања со кои се соочуваат учесниците во јавниот и приватниот сектор.

Македонскиот министер за информатичко општество ќе ги презентира активностите и проектите кои Македонија ги имплементира со цел развој на е-Влада и создавање на напредно информатичко општество. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација, членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Објавено пред

Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали, оцени премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека не може да се направи целосно распуштање или за кратко време да бидат детектирани аномалиите, но може да биде избран Судски совет кој, како што рече, објективно без партиски стеги и интереси ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат и какви одлуки носат.

„Цениме дека треба да удриме во чело, не треба да импровизираме и да правиме импланти. Ударот подразбира дека сето она што е во ингеренции на парламентот, односно таму каде што се бираат членовите на Судскиот совет, таму и да се изгласа интерпелација. Точно е дека и покрај интерпелацијата, тие може да останат и натаму да бидат во Судскиот совет. Но во услови кога оној што те изгласал ти гласа недоверба и ти продолжуваш да водиш инает, тоа не е добро, и тогаш имаме други механизми и алатки. Но јас се надевам дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, тие ќе бидат доблесни и ќе се повлечат“, рече премиерот.

Мицкоски претходно во објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Обезбедуваме брза реакција и грижа за повозрасните центарци со проектот „Итно копче“

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје, потпиша договор за реализација на проектот „Итно копче“. Со овој проект, локалната самоуправа воведува нова услуга за повозрасните жители над 65 години, со која им се обезбедува помош во итни ситуации во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.

dobivaj vesti na viber

„Итно копче е уште еден проект што го наменивме за повозрасните граѓани во нашата општина. Подолго време успешно ја реализираме услугата „Нега на стари лица во домашни услови“, преку која обезбедуваме поддршка за највозрасните жители со редовни посети од негуватели и физиотерапевти. Наша цел е да помогнеме во нивните секојдневните активности, и да обезбедиме нега и рехабилитација, особено за оние кои не можат да си го дозволат тоа со лични средства. Со „Итно копче“, ја прошируваме оваа грижа и создаваме дополнителен механизам за брза реакција во итни ситуации“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Проектот „Итно копче“ овозможува корисниците на услугата да добијат итна помош со едноставно притискање на копчето на уредот за комуникација, кој се носи како приврзок во форма на нараквица или ланче. По активирањето, сигналот се пренесува до Контакт центарот на Црвениот крст, каде одговорно лице веднаш стапува во контакт со корисникот за да процени каква помош е потребна. Во зависност од состојбата, се испраќа тим на терен или се повикува итна медицинска помош.

Приоритет за користење на оваа услуга имаат повозрасни лица кои живеат сами, кои претходно изразиле интерес за нејзино користење и се избрани како корисници на истата, по принципот „прв дојден, прв услужен“ и имаат потпишано договор за користење на услугата.

Проектот е дел од заложбите на Општина Центар да обезбеди грижа за пензионерите и возрасните жители на локалната самоуправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

Објавено пред

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – примање поткуп од член 357 став 1 и проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, а другото е осомничено за продолжено давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Првоосомничениот, во периодот од 9.6.2021 година до 13.6.2024 година, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во повеќе наврати, искористувајќи исти можности, примил друга корист за себе и за својата сопруга за да изврши службено дејство што не би смеело да го изврши.

Тој не го пријавил постоењето судир на интереси, односно потпишувал изјави за непостоење судир на интерес и не се изземал во постапките за вкупно 5 јавни набавки, на кои била избрана фирмата сопственост на второпријавениот иако во текот на целиот тој период остварувал директна материјална корист за себе и за својата сопруга. Така, тој за лични потреби и цели без надомест користел патничко моторно возило „фолксваген пасат“, сопственост на фирмата, а неговата сопруга дополнително користела услуги за превоз со возила и возачи.

Осомничениот и откога бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заенички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило „фолксваген пасат“, како и уште едно возило „ауди Q8“, за што му е поведена скратена постапка и во согласност со ставот 3 на кривичното дело примање поткуп.

Второосомничениот, во својство на сопственик и управител на правното лице, во повеќе наврати во период од три години, на службеното лице му давал друга корист за него и за друг за да изврши службено дејство што не би смеело да го изврши, односно да не се изземе од постапките и да ги потпише договорите за јавни набавки.

Во периодот од 1.1.2022 до 13.6.2024 година, во повеќе наврати, со намера да прибави за себе или за друг противправна имотна корист, осомничениот директор присвоил и пари во значителен износ од 1.792.859 денари. Имено, тој потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авиобилети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство, во кои прикажувал невистинити податоци дека се работи за службени патувања и за службени потреби и цели и со тоа овозможил за себе и за други лица вработени во Службата да стекнат имотна корист и го оштетил буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија за наведениот износ, со што е осомничен дека извршил проневера во службата.

Исто така, за првиот осомничен поведена е скратена постапка и за кривичното дело несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.10.2023, заклучно со 14.6.2024 година, во својство на директор и одговорен менаџер на авиослужбата при Службата за општи и заеднички работи тој несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа му нанел штета на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 3.444.615 денари. Иако знаел дека пилотот вработен во Службата за општи и заедничи работи не ги исполнува условите за капетан – водач на авоион, му овозможил на лицето да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата за тоа работно место.

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред сѐ, вработени во Службата за општи и заеднички работи, кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

За второосомничениот, Обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска да се јавува повремено кај определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање патна или друга исправа за преминување државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација, членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со...

Топ32 минути

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија1 час

Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување...

Македонија3 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија3 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија3 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија4 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа4 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет5 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион5 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа6 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет6 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија21 час

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија22 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија22 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија23 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија24 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија1 ден

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија1 ден

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија1 ден

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...