Македонија
Разбиена група што тргувала со оружје

Три лица се приведени, а по уште две се трага поради основано сомнение дека тргувале со оружје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи
Три лица се приведени, а по уште две се трага поради основано сомнение дека тргувале со оружје, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според истиот извор, кривична пријава ќе биде поднесена против С.Н.(41), А.Х.(31) двајцата од село Студеничани – Скопје, С.Ш.(43) од Струмица, Д.Ш.(37) село Опае – Куманово и Р.Р.(53) од Скопје.
Во акцијата под име „Рафал“, која траела неколку месеци, вчера на паркинг плацот во близина на фабриката Хемтекс во Скопје беа лишени од слобода осомничените С.Н. и А.Х., при транспорт на поголема количина на оружје со возило „Лада“.
На лице место е извршен преглед и претрес на лицата и возилото, а пронајдени и одземени се осум автоматски пушки (7 АП марка Калашников и една автоматска пушка германско производство), како и еден пушкомитралез.
Преку истрагата, било утврдено дека С.Ш., Д.Ш. и Р.Р. во февруари и март, во четири наврати го сториле делото, при што од страна на МВР биле одземени две автоматски пушки, една полуавтоматска пушка и еден пиштол.
Вчера полицијата извршила претрес во пет објекти на подрачјето на Скопје, Струмица и Куманово, при што во домот на Р.Р. се пронајдени еден пиштол марка „Бајкал“ со кал.5,45 х 18 мм, еден пиштол марка „Бровинг“ со кал.7,65 мм. со пригушувач, 630 парчиња муниција кал.7,62 мм и пет куршуми со кал.7,62 Х 54 мм.
Пријавените С.Н., А.Х. и С.Ш. беа лишени од слобода, додека Д.Ш. и Р.Р. не се пронајдени и по нив се трага. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.