Македонија
Славески на Годишно собрание на ЕБОР
Министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Л
Министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон
Славески, како гувернер на Република Македонија во ЕБОР, ќе учествува во работата на заседанието на Бордот на гувернери, при што ќе има обраќање во име на државата.
Покрај тоа, за време на Годишното собрание, македонскиот министер за финансии ќе оствари повеќе средби со високи претставници на меѓународни финансиски институции, како што се ЕБОР, Европската инвестициска банка и Банката при Советот на Европа.
Најавено е дека покрај овие средби, Славески ќе се сретне и со претставници на инвестициски банки, како и со приватни инвеститори, а ќе биде одржана и презентација на земјата пред заинтересирани инвеститори и меѓународни финансиски институции. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

