Македонија
Порше Македонија воведе „Антистрес оперативен лизинг”
Нов финансиски инструмент на македонскиот автомобилски пазар, кој подразбира одобрување на оперативен лизинг, воведе денеска Порше Македонија
Нов финансиски инструмент на македонскиот автомобилски пазар, кој подразбира одобрување на оперативен лизинг, воведе денеска Порше Македонија.
Програмата е наречена „Антистрес оперативен лизинг” и е достапна за физичките лица за набавка на Фолксваген, Ауди и Шкода возила.
Клучна разлика на овој лизинг во однос на финансискиот лизинг е таа што купувачите можат да го прекинат лизингот, можат да го надградат со ново возило, а правните лица имаат дополнителна можност месечните рати од антистрес оперативниот лизинг да ги книжат како трошок.
Благодарение на однапред договорената остаточна вредност, корисникот на Оперативниот лизинг не ја отплаќа целокупната вредност на автомобилот, туку само разликата помеѓу цената на новото возило и однапред договорената остаточната вредност на крајот на лизинг периодот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.