Македонија
Екстерно тестирање нема да има оваа година
Македонските учениците од основните и средните училишта оваа година нема да полагаат екстерни тестови
– Македонските учениците од основните и средните училишта оваа година нема да полагаат екстерни тестови.
Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од законите за основно и средно образование, што се донесени во јули 2008 година, а кои се однесуваат на екстерна проверка на знаењето на учениците, за Макфакс потврдија од Уставниот суд на Македонија.
Судот изрече привремена мерка за запирање на извршувањето на актите и дејствијата што се базираат на законските одредби.
Според извори од Уставниот суд, конечна одлука легитимноста на екстерното оценување судот би требало да донесе за околу два месеца.
Екстерното тестирање за прв пат требаше да биде спроведено оваа година, со што ќе беа опфатени учениците од четврто до осмо одеделение и од прва до трета година средно образование.
Матурантите со неколку дневни протести успеаа да бидат ослободени од екстерното тестирање, кое што има за цел да го оцени знаењето на учениците и да ја процени објективноста при оценувањето на наставниците.
Министерството за образование и наука и покрај протестите и на останатите ученици остана цврсто на ставот дека ќе има екстерно оценување./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

