Македонија
„Праисториските дами од Македонија“ во Подгорица
Изложбата „Праисториските дами од Македонија“ ќе има ново меѓународно презентирање, со постановката на 25 мај во Подгорица, соопшти денеска
Изложбата „Праисториските дами од Македонија“ ќе има ново меѓународно презентирање, со постановката на 25 мај во Подгорица, соопшти денеска Музејот на Македонија.
Пред публиката во главниот град на Црна Гора ќе бидат презентирани 94 фигурини со претстави на жени од македонската праисторија, од средината на шестиот милениум па сé до половината на третиот милениум пред н.е.
Овој мал сегмент од македонската археологија ќе го прикаже богатиот духовен живот на претците кои го населувале овој простор во тој период, соопшти Музејот на Македонија.
Оваа збирка во последниве три години беше презентирана два пати во Музеј на Македонија, како и низ градовите во државата.
Истата, гостуваше и во Загреб 2007-2008 година и побуди голем интерес, каде само во “Ноќта на музеите” ја видоа над 9,000 посетители./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

