Македонија
Започнуваат дебатите за визна либерализација во ЕУ
Дебата за извештаите за условите за визна либерализација на балканските држави, од понеделник, ќе започне во државите-членки на Европската унија
Дебата за извештаите за условите за визна либерализација на балканските држави, од понеделник, ќе започне во државите-членки на Европската унија.
Ова денеска во Скопје го најави вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, кој додаде дека ЕК, во јуни, треба да препорача промена на регулативата за префрлање на државите што ги исполниле условите од “црна“ на “бела“ шенген листа.
Потоа следи советодавното мислење на Европскиот Парламент, како и одлуката на Советот на министри на ЕУ.
“Најоптимистичка варијанта за конечна одлука е септември, а најпесимистичка крај на ноември, годинава“, додаде Боцевски.
Според него, ова покажува дека почетокот на наредната година е “реален“ за целосно укинување на визите за влез во ЕУ на македонските граѓани.
Македонија доби највисоки оценки во исполнувањето на условите од останатите држави во регионот – Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија, а извештаите веќе се пристигнати во државите од регионот, вклучително и Македонија.
“Исполнети услови“ има во две подрачја, и “генерално исполнети услови“ во уште две, објави денеска Европската иницијатива за стабилност.
Нелегалната имиграција, со реадмисија е пониско оценета поради довршување на националната база за странци, а Јавниот ред и безбедност поради нецелосна национална база за делови од јавна безбедност.
Сепак, во дури три области Македонија е прва на листата во регионот, а само во областа Безбедност на документи е изедначена со Црна Гора.
Според владини извори, ставот на Германија за визните прашања, најверојатно, ќе “омекне“ бидејќи ќе се “врзе“ со позитивните оценки во Извештајот.
“Македонија во историјата немала вака силна оценка“, додаваат истите извори.
Грција го поддржа процесот на визно олеснување со државите од регионот, но се уште е нејасно како технички ќе го регулира, ако македонските граѓани патуваат во ЕУ без визи, од 1 јануари наредната година./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

