Македонија
Земјата се тресе – населението во страв

Серијата земјотреси што ја погодија југоисточна Македонија достигна 180,најсилниот беше 5,4 степени по Рихтер,кај населението владее паника
Серијата земјотреси што ја погодија југоисточна Македонија достигна 180, најсилниот од 5,4 степени според Рихтер беше вчера 18:17 часот, кај населението владее паника заради континуитетот на потресите.
Епицентрите на земјотреси што започнаа во саботата се наоѓаат на 125 км југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.
Центарот за управување со кризи соопшти дека се забележани пукнатини и оштетувања на постари куќи и помошни објекти во селата Башибоз, валандовско и Ѓопчели и Црничино, дојранско.
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами при вчерашната посета на погодените региони најави помош во износ од две просечни плати за погодените семејства.
Според последните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, ноќеска помеѓу 24 и 01 часот, беа почувствувани уште два земјотреса.
Овие потреси се почувствувани во Богданци и Валандово со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресите, синоќа го потресоа и струмичкиот регион, а како што јави Македонското радио не се пријавени штети.
Во тој регион на секој чекор е присутна загриженост и неизвесност. За многумина минатата ноќ беше најдолга.Голем број граѓани ноќта ја поминаа во автомобилите, или на отворено пред зградите и дворовите.
Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, министерот за труд и социјална политика, Џељал Бајрами, заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаревски, денес ќе го посетат селото Башибоз, најмногу погодено од серијалот земјотреси./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.