Македонија
881 нов случај на Ковид-19 во земјата, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.902 тестирања, а регистрирани се 881 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69, Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.
Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70), тројца од Куманово (70, 97 и 94), еден од Прилеп (75), двајца од Струга (74 и 69), еден пациент од Битола (60), двајца од Охрид (65 и 83), еден од Гевгелија (67), еден од Гостивар (73), еден од Кочани (68), еден од Пробиштип (46), еден од Берово (80) и еден пациент од Виница (77). Од нив двајца пациенти се починати вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74.732, бројката на оздравени пациенти е 50.852, на починати е 2.169, а бројот на активни случаи изнесува 21.711. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 32.310, активни 11.492
• Куманово 4.325, активни 623
• Дебар 563, активни 166
• Штип 3.089, активни 420
• Прилеп 3.729, активни 877
• Тетово 4.443, активни 1.005
• Струга 1.808, активни 443
• Велес 2.473, активни 651
• Битола 2.688, активни 812
• Охрид 2.072, активни 576
• Кавадарци 1.739, активни 611
• Гостивар 3.116, активни 786
• Гевгелија 955, активни 281 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 162 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.042, активни 602
• Крива Паланка 532, активни 121
• Радовиш 528, активни 124
• Крушево 150, активни 71
• Кочани 1.452, активни 259
• Пробиштип 412, активни 62
• Демир Хисар 223, активни 44
• Македонски Брод 201, активни 32
• Пехчево 120, активни 19
• Берово 453, активни 94
• Валандово 254, активни 54
• Виница 419, активни 120
• Делчево 613, активни 289 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 174, активни 26
• Свети Николе 981, активни 185
• Кичево 1.458, активни 339
• Ресен 567, активни 170
• Неготино 843, активни 357 (133 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.902 теста се преку: ИЈЗ – 535, ЦЈЗ Скопје – 76, „Авицена“ – 349, „Биотек“ – 216, МАНУ – 220, „Жан Митрев„ („Филип Втори“) – 191, „Систина“ со PCR-метода – 227, лабораторија „Лаор“ – 52, Судска медицина – 5, ЦЈЗ Битола – 31, Инфективна клиника – 9, ГАК – 21, „Синлаб“ – 42, „Ремедика“ – 37, лабораторија во болницата во Козле – 19, ЈЗУ (рапид-тест) – 865, УК Пулмологија со алергологија – 7, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 368.502 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЈП Дрисла со апел до МВР да ги пронајдат потпалувачите: се сомневаме дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми

Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување, велат од ЈП Дрисла Скопје.
„Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи“.
Апелираат до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои, како што велат, се сомневаат дека се политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми.
„Депонија Дрисла без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се вели во соопштението на ЈП депонија Дрисла Скопје.
Македонија
ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот капитал во банкарскиот сектор на Северна Македонија, вклучително и последното одобрување на „АЛТА Банка“ за преземање на акции во Стопанска Банка Битола.
Конкретно, како што појаснуваат од оваа партија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата 65-та седница, предводена од претседателката Бујаре Абази, кадар на ВРЕДИ, дала дозвола на „АЛТА Банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за преземање на „Стопанска Банка“ АД Битола.
„ДУИ отвора сериозни прашања и бара целосна транспарентност:
• Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на вицепремиерот Стоилковиќ, се одржал состанок меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на кој било разговарано и координирано ова крупно српско инвестирање?
• Доколку таков состанок се одржал, која била неговата цел и како е поврзан со одлуките за давање дозвола на „АЛТА Банка“ од институциите предводени од ВРЕДИ?
Овој случај покажува јасна манипулација: додека за отворање банки со албански капитал постојат огромни пречки, банките со сомнителен српски капитал немаат никакви проблеми да влезат на пазарот, дури добиваат и брзо одобрување од институциите“.
Потсетуваат дека Европската централна банка во 2024 година изрази сериозни сомнежи за можноста од перење пари преку обидот на „АЛТА Pay“, српска компанија предводена од Давор Маќура, да ја преземе „Addiko Bank“ во Австрија. Во овој контекст, додаваат, одобрувањето на „АЛТА Банка“ во Македонија отвора сериозни прашања за стандардите на транспарентност и финансиска безбедност.
„ДУИ бара јасни и итни одговори од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вицепремиерот Стоилковиќ и Изет Меџити, со цел јавноста да биде информирана за мотивите, содржината и последиците од ваков состанок, и да се обезбеди дека стратешките и финансиските интереси на државата нема да бидат жртвувани во корист на интересите на „српскиот свет“.
Ова не е само економско прашање; преку банкарскиот сектор и олеснувањата дадени на банките со српски капитал, се прави обид да се воспостави директно влијание на „српскиот свет“ во Северна Македонија. Овој феномен не го загрозува само економскиот и финансискиот систем, туку и политичките текови, создавајќи простор за стратешки и институционални одлуки во корист на туѓи интереси, на сметка на националните интереси и интересите на Албанците и сите граѓани на државата“.
Македонија
(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација на сите материјали поврзани со случајот со Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Филипче истакна дека е важно да се расчисти овој случај, не само за јавноста да ја дознае вистината, туку и за да не се фрли дамка врз професионалците вработени во АНБ, кои изминатиот период речиси и не беа споменувани.
„Зошто не дозволувате декласификација на сите тие материјали, секако со заштита на идентитетот на сите луѓе чии што податоци треба да останат доверливи, за јавноста конечно да дознае дали имало злоупотреба или не. Дали некој го прекршил законот или не? Треба ли некој да одговара?“, праша Филипче.
Тој посочи дека целата приказна потекнува токму од премиерот, кој претходно јавно најавуваше дека постојат индиции за негово следење.
„Вие вчера изјавивте дека не сте биле следени директно, туку индиректно, и сега се отвораат многу прашања. Прво, дали навистина имало злоупотреба и дали сте биле следени како лидер на тогашната опозициска партија? Дали биле следени и други лица или групации со кои сте комуницирале?“, додаде Филипче.
Тој нагласи дека со одбивањето да се декласифицираат документите, под изговор дека е во тек предистражна постапка во Јавното обвинителство, Владата не само што ја манипулира јавноста, туку директно ја потценува улогата на Собранието и го поткопува Уставот.
„Имајќи предвид дека пратениците се лица со соодветни безбедносни сертификати и имаат право на увид во вакви информации, тоа е нивна уставна надлежност – не треба да има мешање меѓу законодавната и извршната власт. Особено ако се земе предвид дека во минатото службите беа злоупотребувани за прислушување и слични активности, сметам дека е од исклучителен јавен интерес оваа афера целосно и детално да се расчисти. Според членот 21 од Законот за следење на комуникациите, секој материјал што претставува злоупотреба или содржи елементи на криминал, не може да остане класифициран“, заклучи Филипче.