Македонија
Справување со трговијата со луѓе

Борбата со трговијата со луѓе во Македонија, е тема на тркалезна маса, која денеска треба да с одржи во Скопје
Борбата со трговијата со луѓе во Македонија, е тема на тркалезна маса, која денеска треба да с одржи во Скопје.
Организатори се Хелсиншкиот комитет на Македонија и здружението „За среќно детство“.
Најавено е учество и на претставници на Националната комисија за борба против илегална миграција и трговија со луѓе, Министерството за труд и социјала, како и на Мисијата на ОБСЕ./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: Азир Алиу веднаш да поднесе оставка за измамите во Клиничката болница во Тетово

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува јавниот измамнички чин на министерот за здравство, Азир Алиу, кој манипулираше со одлуките за вработувања во Клиничката болница во Тетово, излажувајќи 155 вработени и целата јавност“, велат од ДУИ.
„Вчера сведочевме на скандалозен апсурд: Азир Алиу го демантира Азир Алиу! Најпрво објави дека има вработувања, а потоа ги негираше, со што докажа дека целиот процес бил политичка лага за собирање изборни поени на грбот на граѓаните и здравствените работници.
Не може да се релативизира лагата и измамата. Мора да се отфрли оваа опасна теорија на политичка манипулација, каде што министерот отворено тврди дека работата е завршена, дури обвинувајќи ги другите за лаги, за денес да каже дека ништо не е завршено, но „по пролонгирањето ќе се заврши“. Ова не е одговорна политика, ова е потсмев кон граѓаните.
Ова требаше да биде преседан, но за жал станува секојдневие кај албанските функционери кои без легитимитет опстануваат во Владата, што покажува недостиг на одговорност, недостиг на транспарентност и потценување на граѓаните и цела Северна Македонија. Министерот Алиу ја загуби секоја кредибилност и не може да остане ниту еден ден на чело на Министерството за здравство.
ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу! Здравството не може да се води од луѓе кои отворено лажат и си поигруваат со судбината на граѓаните и здравствените работници“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
„Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност“, велат од СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари“, велат од СДСМ.
„На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу осомничените.
Очигледно, партиските и бизнис интереси се најважни за ВМРО-ДПМНЕ, поважни од интересот на младите и образованието.
Наместо да ја штити, владата треба веднаш да ја разреши Ана Михајлов од функцијата в.д. директорка. Јавното обвинителство, врз основа на наодите на ОЛАФ, да отвори постапка и да ги процесуира сите инволвирани лица.
Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за корупција и партиски профит. Одговорност мора да има“, соопштува СДСМ.
Македонија
„Во време на СДС и Димова, парите од Агенцијата Еразмус + завршуваа кај судиите и обвинителите, така Заев си ја купи слободата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на СДС и Димова, парите од Агенцијата Еразмус + завршуваа кај судиите и обвинителите, така Заев си ја купи слободата. 120 илјади евра Европски пари, преку Димова и Агенцијата беа доделени на омилениот судија на Заев и Филипче, Лазар Нанев. Нанев беше човек послушник и спроведувач на насоките од страна на Заев, прогонуваше градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во знак на благодарност, Заев преку Димова му додели проект во вредност од 120 илјади евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да е уште потрагична работата, Нанев конкурирал со невладина организација, која била составена од едно лице, самиот Нанев. Го добил проектот на начин којшто претходно не бил вообичаен, а во тој момент извршувал висока функција во судската власт.
Додека во другите земји, овие пари завршуваа кај еминентни факултети и институти, во Македонија Зоран Заев преку Димова си купуваше судии и обвинители, за кои денес гледаме како ги штитат. Зоран Заев си ја купи слободата преку проекти од Агенцијата Еразмус +.
Затоа довербата во судството е ниска. Затоа што СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција и неспособност. Затоа СДС, Филипче и Заев купуваат судии и обвинители, и ги бираа од нивните тефтери.
До ден денес, ниту еден функционер од мината власт не е под истрага од страна на Јавното обвинителство. Затоа што тие ги купуваа. Тоа време завршува, доаѓа времето на правдата и одговорноста“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.