Контакт

Македонија

Снег на Солунска глава !

Објавено пред

Врнежи од снег се регистрирани ноќеска и изутрината на планинскиот врв Солунска глава, а минималната температура се спуштила до минус 1 степен

Врнежи од снег се регистрирани ноќеска и изутрината на планинскиот врв Солунска глава, а минималната температура се спуштила до минус 1 степен.

Ова денеска за Макфакс го изјави дежурен синомтичар во Управата за хидро метеоролошки работи.

Снежните врнежи траеле до осум часот изутрината, кога температурата се искачила над нулата, по што врнежите од снег преминале во дожд.

Снег е забележан само на Солунска глава, на планината Јакупица, додека на Шар планина, каде минималната температура се спуштила до еден степен над нулата, биле регистрирани само врнежи од дожд.

Врнежи од снег се забележани и во соседна Србија, каде што на Пештерската висорамнина, според локалните медиуми, снежната покривка достигнала пет сантиметри.

Синоптичарите за утре најавуваат стабилизирање на времето и значително повисоки температури. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Објавено пред

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како што најави, наскоро ќе биде доставен во Собранието.

Спасовски верува дека сега е моментот сите политички партии да бидат на висината на сопствената одговорност.

„Ги повикувам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престане со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите“, рече Спасовски.

Според Спасовски, дијалогот ќе придонесе да се донесе законското решение кое ќе гарантира правда за сите во земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки

Објавено пред

Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни, порача ДОМ.

Зелената партија бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
3. Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов изнајмил опрема за чистење снег од 1 милион евра

Објавено пред

Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра, изјави денеска Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Според договорот кој го потпишал Шилегов, вели Колариќ, станува збор за изнајмување на 15 машини, кои имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, а се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот.

„Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години. Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот“, рече Колариќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Спасовски ја повика опозицијата да го поддржи законот за ЈО: „Престанете со партиски калкулации“

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања ја повика опозицијата да го поддржи Законот за јавно обвинителство кој, како...

Свет20 минути

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Регион31 минута

Туристите кои од Вухан стигнаа во Хрватска планираат да продолжат во БиХ

Кинеските туристи од градот Вухан кои пристигнале во Хрватска, планираат да ја посетат Босна и Херцеговина, пренесува „Индекс.хр“. Според информациите...

Македонија2 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура4 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет4 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион4 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет5 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет16 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион19 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет21 час

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ22 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет1 ден

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа1 ден

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија1 ден

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Досие