Македонија
Промовирана книгата „Превенција и менаџирање на конфликти:Случај Македонија“
Книгата „Превенција и менаџирање на конфликти:Случај Македонија“, во присуство на бројни гости од политичкиот и јавниот живот вечерва беше
Книгата „Превенција и менаџирање на конфликти:Случај Македонија“, во присуство на бројни гости од политичкиот и јавниот живот вечерва беше промовирана во Скопје.
Според словенечката министерка за одбрана Љубица Јелушиќ, која говореше како промотор, оваа книга претставува добар пример за спречување кризи.
Таа изрази надеж дека Македонија во скоро време ќе стане членка на НАТО и Европската унија, а Словенија ќе биде нејзин поддржувач.
Владимир Милчин, претставник на Фондацијата отворено општество, која финансиски го помогна издавањето на книгата, постоеле две причини поради кои се вклучиле во проектот.
Според него, прва причина била внатрешната интеграција на земјата, како и нејзина интеграција во ЕУ и НАТО, додека како втора причина Милчин го наведе злоупотребувањето на конфликтот од 2001. година.
„Тој конфликт е нешто што сè уште повлекува негативни последици“, рече Милчин.
За професорот Петар Атанасов од ИСППИ, со оваа книга се доаѓа до една средна вистина за она што навистина се случи во 2001.
Свое обраќање пред присутните имаа и авторите Марина Митревска, Антон Гризолд, Владо Бучковски, додека со писмо се обрати и Ентони Ванис.
Авторите најавија дека ова дело наскоро ќе биде преведено и на англиски јазик, што ќе им пружи искуство на другите земји да не ја прават истата грешка како Македонија. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

