Македонија
Протест на млекопроизводителите пред скопскиот суд
Протест на млекопроизводителите ќе се одржи денеска пред судот во Скопје, за да упатат порака дека не се откажуваат од своите побарувања од „Сведмилк
Протест на млекопроизводителите ќе се одржи денеска пред судот во Скопје, за да упатат порака дека не се откажуваат од своите побарувања од „Сведмилк“, кои изнесуваат осум милиони евра.
Новоформираното Здружение на оштетени млекопроизводители решението го гледа во активен стечај на млекарницата, која преку преработка и продажба на млеко ќе може да ги исплати долговите.
Здружението викендов побара национализација на млекарницата „Сведмилк“ по примерот што го користела поранешната англиската премиерка Маргарет Тачер за заштита на домашното стопанство.
Фармерите во неделата најавија дека ќе побараат национализација и на Тутунскиот комбинат од Прилеп и на Фабриката за преработка на овошје и раноградинарски култури во Росоман.
Според нив, парите што Владата треба да ги одвои за овој вид национализација се мали во споредба со ефектот што ќе се постигне. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

