Македонија
Во Македонија најкорумпирано е судството
Дури половина од македонските граѓани сметаат дека е судството е најкорумпираната институција во државатa
Дури половина од македонските граѓани сметаат дека е судството е најкорумпираната институција во државата.
Ова се наведува во најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл, насловен „2009 Глобален корупциски барометар“, што во периодот октомври 2008 до февруари 2009 година е спроведен во 69 држави и територии, со учество на над 73 илјади испитаници.
Македонците го избрале судството како најкорумпирана институција или сектор, во понудата, во која биле и политичките партии, парламентот/законодавството, бизнисот/ приватниот сектор и јавните официјални лица/службеници во јавниот сектор.
На прашањето кој сектор или организација го сметаат за најпогоден од корупцијата, 50% од Македонците го посочиле судството, 23% ги избрале јавните официјални лица/ службеници во јавниот сектор, 11% – политичките партии, 7% – бизнисот/приватниот сектор, 6% ги навеле парламентот/законодавството и 3% се определиле за медиумите.
Просечна оценка 3,8 (1 најлоша, 5 најдобра) добиле секторите/организациите во Македонија, на прашањето до кој степен испитаниците сметаат дека се погодени од корупцијата. Медиумите добиле оценка 3,3, а судството – 4,2.
Македонија е рангирана во најдобрата, петта група на држави, по однос процентот на испитаници, кои пријавиле дека дале мито (6% или помалку). Само 4% од македонските испитаници потврдно одговориле на прашањето – Дали тие или некој од нивното домаќинство дал мито во последните 12 месеци.
Дури 65% од испитаниците сметаат дека се ефективни акциите на македонската влада во борбата против корупцијата. Како неефективни ги оцениле 18% и исто толку не се изјасниле ниту за едното, ниту за другото./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

