Македонија
Вработените на Фершпед изразуваат револт
Последиците од одлуката на Царинската управа за одземање на дозволата на Фершпед се далекусежни и на ниво на групација
Последиците од одлуката на Царинската управа за одземање на дозволата на Фершпед се далекусежни и на ниво на групација ќе значат загрозена егзистенција на 1.000 семејства.
Ова се наведува во денешната реакција на синдикатот на вработените во „Фершпед“, во кој се изразува протест на изречената мерка од страна на Царинската управа и се најавува преземање на сите можни правни лекови.
„Не навлегувајќи во толкување на Царинските закони и одредби, затоа што за тоа има надлежни судови, нашиот протест се однесува на губењето на работа за над 200 вработени, што би било само во првиот момент, а последиците се далекусежни и за остатокот на фирмата, односно сите 500 вработени. На ниво на групација, тоа значи 1000 загрозени семејства“, се вели во реакцијата.
Вработените во Фершпед изразуваат чудење што поради долг од 10.000 Евра, уредно платен кон државата и во услови на депонирана царинска гаранција од над четири милиони евра, се доведуваат на раб на егзистенција толку семејства.
„Вреди ли да се затвори, почитувана Владо, фирмата која ние макотрпно сме ја граделе 40 години и која традиционално нешто значи за целиот балкански регион“, се вели во писмената реакција доставена до медиумите. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.