Македонија
Македонски компании во индекси на „Дау Џонс“

Македонски компании ќе бидат дел од новите три индекси, што од утре ги лансираат Дау Џонс“ и Федерацијата на евроазиски берзи-ФЕАС
Македонски компании ќе бидат дел од новите три индекси, што од утре ги лансираат Дау Џонс“ и Федерацијата на евроазиски берзи-ФЕАС.
Ова е прв пат Dow Jones да креираат индекси кои ќе ги мерат перформансите на компаниите од Евро-Азискиот регион.
Трите индекси кои ќе се лансираат во петок се композитни, од кои два се регионални под-индекси. FEAS индексите на Dow Jones се креирани со цел да бидат основа за креирање на продукти кои се поврзани со индексите како што се фондовите и структурните производи.
Дау Џонс“ ФЕАС компосит индексот моментно го сочинуваат акции од 10 од вкупно 32 земји-членки на Федерацијата, и тоа акции од берзите во: Абу Даби (ОАЕ), Аман (Јордан), Бахраин (Кралството Бахраин), Белград (Србија), Софија (Бугарија), Истанбул (Турција), Карачи (Пакистан), Скопје (Македонија), Мускат (Оман) и Загреб (Хрватска).
„Дау Џонс“ ФЕАС саут ист јуроп индексот ги мери перформансите на компаниите од петте берзи-членки на ФЕАС: Софија, Загреб, Скопје, Белград и Истанбул, додека
Додека Дау Џонс“ ФЕАС мидл еаст/Кавказ индексот моментно вклучува акции од четири берзи-членки на ФЕАС: Абу Даби, Аман, Бахраин и Мускат. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.