Македонија
Боцевски во Шпанија

Укинувањето на визите и добивањето датум за преговори за влез во ЕУ се темите на кои вице премиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски ќе разговара со
Укинувањето на визите и добивањето датум за преговори за влез во ЕУ се темите на кои вице премиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски ќе разговара со шпанскиот државен секретар за ЕУ Диего Лопез Гардио.
Боцевски, кој престојува во дводневна посета на Шпанија, како што е најавено ќе учествува на конференцијата „Патот од Скопје до Брисел – предизвиците на евроатлантската интеграција на Македонија“, која е организација на Фондацијата за меѓународни односи и дијалог (ФРИДЕ).
Боцевски во Шпанија, допатува од Португалија, каде од државниот секретар за европски прашања Тереса Рибеиро доби уверување дека Македонија може да смета на поддршката од Лисабон во процесот на евроинтеграција./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата.
„Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во коруптивен систем“, гласеа дел од пораките.
Собирот почна со 16 минутен молк за трагедијата што се случи на 16 март, а продолжи без обраќања, додека присутните оставаа цвеќиња и свеќи кај фонтаната на градскиот плоштад.
Тишината во главниот град никогаш не била погласна.
Според последните информации, во пожарот животот го загубија 59 млади луѓе, меѓу кои и седум членови на групата ДНК и полицаец кој бил на должност. Повредени се 196 лица од кои 20 деца. Дел од нив се лекуваат во државата, а дел се хоспитализирани во странство.
Македонија
Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на дронови дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со нив на територијата на градовите Кочани и Штип.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од МВР.
Оперирањето со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство.
Се апелира до граѓаните во овие денови на неизмерна тага и болка во рамки на загарантираното со Устав право на собирање и одржување на протест, истите да се одржат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
Македонија
Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Со 16 минути молк, солзи во очите, наведнати глави и огромна тага почна собирот во Скопје, по трагедијата со настраданите во пожарот во Кочани.
Молкот од 16 минути, симболично го означи 16 март – датум кој со црни букви ќе остане врежан во колективната меморија, кога се случи пожарот кој однесе 59 животи, а со поврди се здобија 190 луѓе од кои 20 деца.
Собраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Не сте сами“, „Лесно запалива држава“, „Немаше да има крв ако се е по закон“.
Повик за собирот вчера упатија од здружението „Кој е следен?“, апелирајќи собраните да носат црни ленти, а протестот да не се одржува по улиците каде поминуваат возила кои ги пренесуваат повредените пациенти.